Грејс Џонс, една од најреволуционерните и најзначајни музички и уметнички појави на светот на сите времиња ќе има концерт, на 6 јули, во Скопје, на стадионот на АРМ, објави „Авалон продукција“.

Од „Авалон“ најавуваат 90 минутно спектакуларноо шоу на Џонс, која доаѓа со нејзиниот многуброен бенд.

Сите информации околу влезниците ќе бидат објавени утре, на 30. јануари,  на социјални мрежи.

Грејс Џонс, покрај музичката има и филмска кариера и е топ-модел. Безвременски се нејзините  „Musical mastermind”, „Amazing Grace, „Timeless”, „Art aristocrat”, „True diva”, „Goddess of Rhythm”, „Pop culture icon”, „Fashion Icon” „Vamp Woman”…

Веројатно не постои светски артист на оваа планет, освен, се разбира, Дејвид Боуви кој може толку аргументирано да изнесе толку многу различни и заслужени епитети како Грејс Џонс, една од најреволуционерните и најзначајни музички и уметнички појави на светот на сите времиња. Некои од нив се: музички мастермајнд, икона на поп културата, вамп жена, вистинска дива, модна икона….Од друга страна, еднаш некој рече: Не е работата што Грејс Џонс е пред Мадона, Лејди Гага, Ријана и Бијонсе, работата е што таа се’ уште е сите три во едно”. И да ја вратиме Македонија таму каде што токму ние ја поставивме и многу љубоморно ја чуваме од 2001 година: на листата земји каде сепак се случува нешто убаво и по светски стандарди – во реалноста, а не само вербално и имагинарно – велат од „Авалон“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.