Четири лица се повредени денеска во напад со нож во метрото во Лион при што е уапсен 27-годишен Мароканец.

Локалното обвинителство соопшти дека повредените не се во животна опасност.

„Осомничениот од мароканска националност и на возраст од 27 години претходно не и е познат на полицијата, но неколку пати бил хоспитализиран поради психијатриски проблеми“, соопшти полицијата.

Неименувани полициски извори за француски медуми изјавија дека нема елементи што би укажувале дека станува збор за терористички акт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.