Вечерва во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) со почеток од 21 часот ќе концерт американската музичка група ALGIERS.

ALGIERS се политички освестено инди-рок трио кое комбинира елементи на пост-панк и но-вејв со блуз и госпел музика. Нивните почетоци се во далечната 2009 година во Атланта, Џорџија. Сите членови на бендот свират перкусии, клавијатури и програмираат тапани.

Триото почнува да пробува и да свири концерти, комбинирајќи најразлични влијанија и вадат хибриден нивни личен звук што содржи и даб, панк и афро-фанк.

Зад себе имаат 4 студиски албуми: “Algiers” (2015), “The Underside of Power” (2017), “There is no year” (2020) и последниот “Shook” (2023) на кој како гости се појавуват Big Rube, Zack de la Rocha од култниот бенд Rage Against the Machine, billy woods, Nadah El Shazly, Lee Bains III и други.

Нивната нова музика, критичарите ја опишуваат како “пркосна, жанровски сеопфатна техниколор журка на стар куќен трем во рурална Атланта”.

Предгрупа на бендот ќе бидат Германците „Left for Pleasure”, дарквејв бенд од Лајпциг со силно EBM влијание. Нивниот звук го карактеризира темнa и меланхолична атмосфера, со по некој зрак на надеж. Музички, со нивните настапи, гледаат да создадат длабокo емотивно искуство со присутната публика.

Left for Pleasure се дел од програмата Liveurope за поддршка на млади и надоаѓачки бендови.
Концертот ќе започне во 21 часот, билети се уште по цена од 400 денари на билетарницата на МКЦ или на олајн линкот на МКЦ за продажба на билети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.