Ноќва во 03.00 часот во СВР Скопје, С.С.(43) од с.Батинци, скопско пријавил дека околу 21.50 часот на подрачјето на с.Батинци, скопско, додека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, слушнал истрели по што застанал и на задниот дел на возилото забележал оштетување од огнено оружје.

Повредени лица нема, велат од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.