Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска со песната „Circles“ го освоила 11-тото место на втората полуфинална вечер, што е за само едно место подолу од првите 10 земји-учеснички кои влегоа во финалето.

Според деталните податоци од гласањето објавени на официјалната страница, Андреа освоила вкупно 76 поени, и тоа 56 од жири и 20 од телефонското гласање.

Податоците кои покажуваат дека Македонија најмногу поени добила од жири-комисијата на Германија, а најмалку од жирито на соседна Србија.

Во финалето, пак, македонското жири најмногу гласови ѝ даде на Шпанија, а 10 поени на српската претставничка Констракта, а публиката обратно – 12 поени за Србија, 10 за Шпанија. Украина освои 8 поени од телефонското гласање, додека според македонското жири, победничката песна на Украина не заслужи ниту еден поен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.