Италијанската полиција денеска соопшти дека спречила кибернапади врз „Евровизија“.

Специјалните единици на Министерството за внатрешни работи за борба против компјутерскиот криминал, во соработка со организаторите на Песна на Евровизија и техничките служби на државната телевизија и радио корпорација „Раи“, елиминираа различни ДДОС компјутерски напади насочени кон мрежната инфраструктура за време на гласањето и настапите на уметниците – се наведува во соопштението на италијанската полиција.

Хакери од проруската група „Клиент“ се обиделе да продрат во системот на Евровизија на отворањето и синоќа, за време на финалето.

На Евровизијата во Торино, Италија победи украинскиот Калуш оркестра со песната „Стефанија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.