Македонското жири вчера реши да ѝ даде 12 бодови на Шпанија, додека Србија доби само 10 бодови од нас, а тоа ги налути нашите соседи.

По завршување на Евровизија почнаа реакциите на Твитер, каде што буквално се водеше војна меѓу Македонија и Србија.

Србите се лути затоа што очекувале 12 бодови од Македонија.

Нашето жири 1 поен и даде на Швајцарија, 2 поени доби Полска, 3 поени Белгија, 4 поени доби Азербејџан, 5 поени Австралија, 6 поени Шведска, 7 поени Италија, 8 поени Обединетото Кралство, 10 поени Србија, а 12 поени доби Шпанија.

Од друга страна пак публиката на Македонија на Србија и даде 12 поени.

Да потсетиме, Украина со убедливо водство славеше пред конкурентите на овогодинешната Евровизија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.