Филмот „Недела“, кој го следи животот на еден од омилените пејачи на овие простори, Џеј Рамадановски од 30 јануари е на редовната програма на кино „Браќа Манаки“.

Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари. Иако немал лесно детство, кое главно го поминал на улица и во поправен дом, Џеј успеа да го заземе своето место на музичката сцена и преку песна да стане дел од животот на многумина.

Филмот во режија на Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ, е насловен според една од најпознатите песни на Рамадановски. Во насловната улога е Хусеин Алијевиќ, а играат и Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Ален Селими, Ана Пиндовиќ, Златан Видовиќ и Милица Јаневски.

Македонските актери Бајрам Северџан и Емра Куртишова ги толкуваат улогите на родителите на Џеј.

Возбудливата приказна за животот на Џеј Рамадановски е претставена без непотребна патетика, со впечатливи ликови. Сценариото се држи до важните факти од биографијата на Рамадановски и во него е прикажана суровата реалност со која пејачот бил принуден да се соочува, велат од Филмскиот центар на Србија.

Во продолжение ја објавуваме редовната филмска програма на кино „Браќа Манаки“ од 30 јануари до 4 февруари која нуди интересни наслови за сечиј вкус.

Купете си билети 1 час пред проекциите! Цените на билетите изнесуваат од 100 до 200 денари, а за детската програма чинат од 100 до 180 денари.

 

Од вторник следи филмската програма:

30.01.2024

18:00

„Слуга 2“ (Влезница: 200 мкд)

20:15

„Недела“ (Влезница: 200 мкд)

 

31.01.2024

18:00

„Слуга 2“ (Влезница: 200 мкд)

20:15

„Недела“ (Влезница: 200 мкд)

 

01.01.2024

18:00

„Недела“ (Влезница: 200 мкд)

20:15

„Аргајл“ (Влезница: 200 мкд)

 

02.01.2024

18:00

„Недела“ (Влезница: 200 мкд)

20:15

„Аргајл“ (Влезница: 200 мкд)

 

03.02.2024

16:00

„Смрдушковци – Добредојдовте во Смрдвил“ (The Ogglies – Welcome to Smelliville) Влезница: 100 мкд

 

18:00

„Духот од Кантервил“ (синхронизиран на македонски) Влезница: 180 мкд

20:00

“АРГАЈЛ“ (Влезница: 200 мкд)

 

04.02.2024, сабота

16:00

„Духот од Кантервил“ (синхронизиран на македонски) Влезница: 180 мкд

18:00

„Духот од Кантервил“ (синхронизиран на македонски) Влезница: 180 мкд

20:00

„Недела“ (Влезница: 200 мкд)

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.