Турската актерка Мелиса Донгел била силувана од нејзиниот татко кога била тинејџерка, а таа јавно ги открива деталите за грозоморното злоставување.

Мелиса има 22 години, а веќе е една од најпопуларните турски актерки.

Таа е една од главните ѕвезди на турската хит серија „Мириса на љубов“ чие оригинално име е „Чукни ми на врата“, а глумеше и во сапунската опера „Елиф“, која своевремено беше популарна и на Балканот. Сепак, зад насмевката на оваа талентирана и сакана актерка се крие страшна приказна која крши срца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MelisaDöngel (@melisadongel)

Мелиса минатата година зборуваше за страшното насилство кое го претрпела од рацете на нејзиниот татко. Кога имала 15 години, тој ја силувал, а по нападот се обратила за помош кај мајка си.

Таа не и верувала, напротив, ја замолила Мелиса никогаш повеќе да не каже ниту збор за тоа, ниту да го спомне никому. Поради сексуалното злоставување од нејзиниот татко, актерката моментално оди на терапија за некако да се избори со траумата која ја доживеала.

Во еден момент решила јавно да каже низ што поминува бидејќи сакала да ја заштити својата помала сестра. Кога таа проговорила, нејзиниот татко бил во затвор, додека нејзината мајка се преселила во Русија и ја испратила својата помала ќерка со Мелиса во Истанбул. Актерката била преплашена што нејзиниот татко барал старателство над нејзината помлада сестра, на што таа се противи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MelisaDöngel (@melisadongel)

Мелиса еднаш истакна дека и е доста од психолошкото уништување на кое многупати била изложена на суд.

Не можам да го преживеам моето детство – изјави таа.

Нејзиниот татко тврдел дека таа изнела лажни обвинувања против него затоа што не и дозволувал да се занимава со глума.

Не сакав таа да замине. Имаше промени во нејзиното однесување пред да потпише со агенцијата за филм. Не можам да разберам зошто таа ме обвини мене. Јас сум татко кој ја сака ќерка си – изјави тој за турските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MelisaDöngel (@melisadongel)

Мелиса објасни дека таа била извор на пари за нејзиниот татко.

Постојано работев за да не бидам дома. Немав детство. Им кажав на пријателите за злоупотребата на која сум изложена, не само на мајка ми. Бев изложена на мојата прва сексуална злоупотреба на високо ниво додека бев во училиште – вели Донгел.

Таа вели дека не можела да каже што се случува порано.

Не можев да кажам бидејќи татко ми постојано ми се закануваше дека ќе ми стави крај на актерската кариера и дека нема да ме пушта на училиште. Дури се обидов да се самоубијам. Не се сеќавам колку пати бев хоспитализирана. Потоа зажалив и прашав: „Зошто си го правам ова себеси?“ Но, не можев да се воздржам – вели актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MelisaDöngel (@melisadongel)

Откако Мелиса јавно ја даде својата болна исповед, ја поддржаа бројни познати личности, меѓу кои и колегите од серијата „Чукни ми на врата“ со која се прослави.

Мелиса Донгел е родена на 18 септември 1999 година во Истанбул, во турско-руско семејство. Таму дипломирала на уметничката академија, а како тинејџерка ја почна кариерата во серијата „Елиф“.

Критичарите и предвидуваат светла актерска кариера, а поради сето она низ кое поминала е една од најгласните кога се во прашање построгите закони за силувачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.