„Чекајќи го министерот“, хит комедија со актерската ѕвезда Лидија Вукичевиќ, актерот и стенд-ап комичар Semir Gicić од Србија и актерот Сашо Ристовски оваа недела гостува во неколку градови низ Македонија.

7.04 четврток Штип

8.04 петок Охрид

9.04 сабота Битолa

12.04 вторник Пробиштип

13.04 среда Куманово

14.04 четврток Кавадарци

15.04 петок Велес

Со голема радост го чекам денот кога ќе ја видам Битола, кога ќе застанам пред битолчани.
Сум слушнала дека вашата публика е прекрасна. Возбудена сум многу и многу ви благодарам на сите кои ќе бидете со мене и мојот тим во Центарот за култура. Сакам да уживаме заедно и да ја паметиме долго таа вечер. Благодарам до директорката Маја Андоновска Илиевска за поканата.
Со почит, Л. Вукичевиќ, пишува актерката во пораката.

Мега популарната актерка од просторите на поранешна Југославија заедно со својот тим со хит комедијата од Србија ,,Чекајќи го министерот” за прв пат доаѓа во Битола.

Оваа комедија се игра на секаде во Србија, а Лидија Вукичевиќ со својата екипа најавува смеа за битолската публика и со задоволство чека да застане на нашата сцена, бидејќи за неа исклучителна чест ќе претставува првото гостување во Битола пред битолската публика.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.