На 29-ти мај на стадионот на АРМ во Скопје концерт ќе одржи еден од најдобрите европски вокали во моментов, Масимо Савиќ.

После неколку пати по ред распродадени: Универзални сали, МОБ, Македонска филхармонија, време е за голем open air на Massimo во Скопје.

Сет листата ќе биде полна со хитови од целата негова кариера од Dorian Gray и Sjaj u tami, па се` до последниот хит „Mali krug velikih ljudi“, кој се закити со наградата „Порин“ во категоријата „Песна на годината“ за 2021 година.

Влезниците се веќе во продажба низ продажните места во мрежата на Авалон и онлајн на avalon.mk, соопштија организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.