На 22 април 2024 година, со почеток од 20:00 во Public Room во Скопје, ќе биде изведена театарската претстава „Јагнето“.

Претставата е во продукција на СЕАМ, сценариото е подготвено од Кирил Дончов, наш поранешен студент а во улогите настапуваат нашите студенти и стаф – ентузијасти и актери во слободно време!!!

 

По изведбата на претставата, ќе слушнеме краток говор од Катерина Колева.

Повелете на една поинаква вечер, да се потсетиме на случувањата на првиот Велигден и да се охрабриме преку веста за победата на животот над смртта, се вели во објавата од организаторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.