Нашата виолинистка Пламенка Трајковска го објави синглот „Ода на радоста“ и ја најавува премиерата на видео спотот по повод Денот на Европа 9 ти мај.

„Ода на радоста“ од Пламенка Трајковска е класичен кросовер за гудачки инструменти и електронска музика на познатата тема од деветтата симфонија од Лудвинг Ван Бетовен. Темата е химна на Европа и затоа премиерата на видео записот е закажана на Денот на Европа 9 ти мај.

 

Композицијата е снимана во музичкото студио Кларион. Миксот и мастерингот го нарави тон мајсторот Дејан Ангелевски.

Главен дигитален онлајн дистрибутер е CD Baby од Портланд Орегон која е една од трите партнери на Apple music и која е дом на повеќе од 650.000 музичари и повеќе од 9 милиони траки од секој дел на планетата.

 

Композицијата „Ода на радоста“ од Пламенка Трајковска е достапна преку сите онлајн музички мрежи Sportify, Apple music, Amazon, iTunes, Deezer и други.

Видеото на спотот го снимаше Дејан Марковски во студио на почетокот на април а фотосесијата ја направи фотографот Константин Калошев.

 

Во спотот покрај виолинистката Пламенка Трајковска во гудачкиот квартет учествуваат и Сандра Крстевска на виолина, Милена Гиевска Андоновска на виола и Александра Јаневска на виолончело.

Премиерно спотот ќе биде прикажан на YouTube на 9 мај на каналот на Пламенка Трајковска.

Пламенка Трајковска од почетокот на годината настапи на концертот во Истанбул со наслов „Жените од светот “ со својата композиција „Ламенто вело“ и беше дел од проектот „Мојот град мојот глас“ .

Како композитор Пламенка Трајковска досега го има издадено албумот во кросовер „Апасионато“, музичкиот албум за деца „Карневалот на животните“, синглот „Светулки“, композициите „Твојот допир“, „Феникс“, „Воздишка за тебе“ и многу други остварувања.

Пламенка Трајковска има реализирано голем број на концерти во Македонија на најзначајните културни манифестации и концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција Танзанија и Турција.

Пламенка редовно работи во Филхармонија и со организацијата „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“. Малите камерни состави креираат музички програми со класична музика и кросовер со мултимедијални елементи и музичка технологија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.