25. издание на „Златна бубамара на популарноста“ синоќа ќе одржа по пауза од две години поради пандемијата, а тимот кој работи на манифестацијата успеа повторно до солзи да ја насмее публиката, да ја расположи до добра музика и прекрасни гости.

После две години пауза, да го доживуваме овој ден како ослободување – од мерки, од маски, од затвореност и конечно „Да живнеме“, рече на почетокот Ранко Петровиќ, „главниот виновник“ за постоењето на оваа манифестација, која полни 25 години успева да опстане.

Покрај препознатливите настапи на Сашко Коцев и Атанас и Тино, синоќа на сцената во „Борис Трајковски“ застанаа Симон Трпески, Некс тајм, Ристо Самарџиев, македонската фудбалска репрезентација,  Жељко Бебек, Дејан Георгиевски… и многу други, но исто така за прв пат, како што рече Наум Петрески заедно настапија Влатко Стефановски, Љупчо Трајковски Фис и Наум Петрески, изведувајќи го безвременскиот хит „Има ли песна“.

Добитници на „Златна бубамара“се:

Најпопуларна анимирана серија – Биби и Боби

Најпопуларна детска емисија – Дајте музика

Најпопуларен тинејџерски хит – Дајте музика

Музички трајни вредности – Ристо Самарџиев

Трајни музички вредности – Васка Јанковска

Херои за 2021 – Македонска фудбалска репрезентација

Трајни музички вредности – Симон Трпчевски

Трајни музички вредности -Жељко Бебек

Еко емисија – Агенда 21

Најпопуларно новогодишно шоу – Преспав

Животно дело – Ферус Мустафов

Животно дело – Александар Трајковски Фис

Трајни музички вредности – Наум Петрески

Композитор на годината – Николче Мицевски

Спот на годината – Некст Тајм за „Кога падна на Пирина”

Спортист на годината – Дејан Георгиевски

Дует на годината – Дац и Александар Митевски

Трајни музички вредности – Благица Павловска

Џез соработка – Тавитјанови

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.