Загрижена поради конфликтот во украинската нуклеарна централа Запорожје, Полска дистрибуираше апчиња јод до регионалните противпожарни служби за да им ги дадат на граѓаните во случај на изложеност на радијација. Јодот се смета за начин да се заштити телото од состојби како што е ракот на тироидната жлезда поради изложеност на радијација.

По пишувањето на медиумите за судирите во близина на нуклеарната централа Запорожје, решивме да ја преземеме заштитната мерка за дистрибуција на апчиња со јод“, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Блажеј Побож. „Сакам да ги уверам граѓаните дека тоа се рутински, превентивни процедури, кои треба да нѐ заштитат во случај на ситуација што се надевам дека нема да се случи, додаде тој.

Во ракетните напади врз комплексот на електраната Запорожје, зградите лоцирани во близина на шест реактори беа оштетени, а каблите за напојување беа исечени, ризикувајќи да избие нуклеарна катастрофа што ќе ги погоди соседните земји.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за нападите во близина на електраната.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.