По улична бркотница со авотмобили низ улиците на Дебрецин, унгарската полиција уапсила двајца Срби кои се обиделе да ограбат златарница.

Бркотницата почнала откако жители пријавиле дека двајцата Срби нападнале човек пред злтарница. Полицијата брзо регирала, поради што ограбувачите немале време да го земат пленот, па ги оставиле и торбата и оружјето.

На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа како двајцата Срби бегаат во жолт автомобил, но во еден момент удираат во паркирани возила, по што продолжуваат да бегаат пешки, но полицијата успева да ги фати.

Полицијата соопшти дека станува збор за двајца браќа на возраст од 46 и 37 години и дека тие го признале делото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.