Во делот на здравството, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вети вработување на здравствен кадар, односно 500 лекари и 500 медицински персонал којшто е потребен во јавните здравствени установи.

-Цениме дека со овој тип на политика она коешто можеби некаде недостасува, во некои градови и општини во Македонија ќе биде целосно покриено. Ова ќе ни биде еден од основните проекти ќе ни биде вработување на нови 500 лекари и 500 медицински персонал, истакна Мицкоски на презентацијата на програмата за парламентарните избори насловена Платформа #1198.

Еден интегриран Клинички центар во Скопје: стоп за дуализмот е второто ветување на Мицкоски со цел да се намалат злоупотребите.

-Досега имавме еден таков директор политички, имавме еден економски, еден за провизија човек, еден за лажење трет за спроведување и отприлика така функционираше најголемиот дел од клиниките коишто се управувани од владата на СДСМ и ДУИ и најчесто ако политичкиот и економскиот не си се договореа околу висината на провизијата, барем такви се информациите и доказите коишто стигнуваат до нас тогаш работата не одеше, но ако постоеше договор работата си врвеше без проблем. Е наша цел е тоа да не постои, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде:

-Се враќаме на концептот еден клинички центар, нема да има повеќе дуализам, нема да има политички директор и економски директор, туку ќе има раководители на клиники коишто ќе ги управуваат тие клиники и еден клинички центар којшто ќе се грижи да биде се како што треба и да се бори против ваквиот тип на злоупотреби како што беше оној случај во Универзитетската клиника за радиологија и онкологија, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски вети дека приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде завршување на Клиничка болница во Штип. Опремувањето ќе биде со најнова софистицирана медицинска опрема. Кадровско доекипирање на болницата со соодветен кадар од сите профили, медицински, помошен и немедицински кадар, .

Едно од ветувањата во програмата Платформа #1198 е ограничување на маржите за лекови, потрошен материјал, медицинска опрема и суплементи, додаде Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.