Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза Скопје, заедно со професионалните здруженија Македонското лекарско друштво, Здружението на пневмофтизиолози, Македонското респираторно здружение и Македонското педијатриско респираторно здружение се вклучија кон годинешните активности на „Stop TB Partnership“, што претставува интернационална иницијатива и партнерство под закрила на Обединетите Нации, по повод одбележување Светски ден за борба против туберкулозата (ТБ) – 24 март, 2024 година.

Секоја година, на 24 март, се одбележува денот кога д-р Роберт Кох во 1882 го објавил откривањето на бацилот на туберкулоза. Светскиот ден на туберкулозата е повод да се мобилизира политичката и социјалната посветеност за натамошен напредок кон елиминирање на туберкулозата.

фото: Министерство за здравство

Одбележувањето на Светскиот ден за борба против туберкулозата е со цел подигнување на свесноста за глобалната епидемија на туберкулоза и напорите кои се во тек за нејзино елиминирање. Овој ден служи како потсетник за изгубените животи од ТБ, тековната борба на оние кои живеат со оваа болест и итната потреба за глобална акција за да се стави крај на ТБ. Нашата меѓународна кампања има за цел не само да информира и ангажира, туку и да мобилизира ресурси, да се залага за ефективни политики и да го поттикне учеството на заедницата во глобалната борба против ТБ, усогласувајќи се со годинешната тема и целите за да нè доближи до свет без ТБ, велат од Министерството за здравство.

Годинешно мото за денот на борба против туберулозата е „ДА! Можеме да ставиме крај на туберкулозата”.

Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза упатува благодарност до Археолошкиот музеј за вклучување кон ова глобално движење за да го привлечеме вниманието кон важноста за борбата против туберкулозата.

Партнерството „Стоп за ТБ“ ја започна кампањата „Осветли за туберкулозата“ првпат во 2017 година, при што во претходните кампањи со вклучување на над 60 градови ширум светот. Нашата земја, првпат се вклучи во оваа кампања минатата година, кога за истата цел се осветли Камениот Мост во црвено, велат од МЗ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.