Многу обичаи за Бадник се пагански, а црквата подоцна им дала христијанско обележје. Обичаите околу Бадник ги наследивме од своите предци и уште ги одржуваме. Ова се некои од верувањата кои останале до денес:

– На Бадник треба да се јаде афион, бидјеќи се верува дека ќе им донесе многу пари на оние кои го јадат.
– Оние кои во текот на годината се скарале со некој, на Бадник простуваат и се смируваат и тоа е вистински дух на традицијата
– На Божиќ човек не треба да се опие бидејќи се смета дека ќе биде пијан цела година.
– За Бадник се кршат ореви за да се види каква ни е среќата, здравјето, а кога се скршат се фрлаат по ќошињата на собите, за да кокошката изведе многу пилиња, а ако се фрлаат цели ореви, тогаш јајцето ќе биде расипано.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.