Времето утре наутро во централните делови и вдолж Повардарието умерено до значително облачно.

Во текот на претпладнето облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од -2 до 6 степени, а дневните од 9 до 19 степени.

Во сабота ќе преовладува сончево време со повисоки дневни температури. Од недела облачноста ќе се зголеми, и во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Пообилни врнежи се очекуваат во вторник претпладне, кога поради заладувањето, врнежите ќе бидат од снег и на некои повисоки места, а ќе дува и засилен северен ветер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.