Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 16 степени.

Во текот на следната работната седмица ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Само во вторник ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд и со умерен северен ветер, а дневната температура малку ќе опадне.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.