Танчерите на Dancers United освоија вкупно 25 медали на Светското првенство во латино танци коешто се одржа во Варшава, Полска од 27 до 29 април.

Танчерите освоија седум златни, десет сребрени и осум бронзени медали во повеќе категории – од најмалите – мини кидс до младинци и возрасни.

Освен што покажуваат дека сме на вистинскиот пат и го потврдуваат нашиот успех во латино танците на светско ниво, дополнително ја засилува нашата посветеност кон танцот и понатамошното вложување во идните поколенија танчери. Ја претставивме нашата држава на највисоко ниво, а Македонија секоја година сè повеќе и повеќе станува силен конкурент на светската сцена на што сме особено горди, вели Сара Кочан од Dancers United, која беше официјален судија од Македонија на шампионатот.

WADF Warsaw Championship 2024 за Dancers United ќе биде забележан како натпревар на кој целиот тим има минимум по еден златен медал. Учестуваа 22 држави, а македонскиот тим имал поддршка од Министерството за култура.


Ова се наградените:

Златен медал
–Passion and Youth – Група Синхро Танц Латино – Младинци и Возрасни
–Vintage Chic – Група Латин Шоу – Јуниори
– Bringing the disco Back – Група латин шоу – мини кидс
–The DS Crew Carribean – Инклузивна мала група
–Over the Rainbow – The DS Crew – Инклузивна голема група
– Willy Wonka, Су Али – Соло латин шоу мини кидс
– Coco Chanel, Нина Спасовска – Соло латин шоу јуниори 1

Сребрен медал
– Suit & Slay – Група латин шоу – Младинци & Возрасни
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Самба – Парови Младинци & Возрасни
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Џајв – Парови Младинци & Возрасни
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Румба – Парови Младинци & Возрасни
–Су Али – Џајв – Соло Мини кидс
–Су Али – Ча ча ча – Соло Мини кидс
–Су Али – Самба – Соло Мини кидс
– ABBA – Ангела Николиќ & Михаела Филипова -Латин шоу дуо – Младинци & Возрасни
– The White Rabbit – Луна Дариа Кочан – Соло латин шоу мини кидс
– Emiy in Paris – Емили Нера Кочан Соло латин шоу деца 1

Бронзен медал

– Ангела Николиќ – Пасо Добле – Соло јуниори 1
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Ча ча ча – Парови Младинци & Возрасни
– Луна Дариа Кочан – Џајв – Соло Мини кидс
– Луна Дариа Кочан – Самба – Соло Мини кидс
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Пасо добле – Парови Младинци & Возрасни
– Јоана Поп Арсовска – Румба – Соло мини кидс
– Rapunzel – Јоана Поп Арсовска – Соло латин шоу мини кидс
– Athena and Medusa – Нина Андоновска & Тима Муминовиќ , Дуо латин шоу јуниори



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.