Сообраќајот на патниот правец Градско-Прилеп е нормализиран од 14:10 часот, информира АМСМ.

Овој патен правец беше во целосен прекин од 7:20 часот поради обилни врнежи од дожд и излевање на Раечка Река, кај село Раец. Покрај тоа, на клучката кај местото викано „Мотел Дреново“ на коловозот имаше големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите имаше свлечиште и одрон на карпи.

Поради излевање на Крива Река, во прекин ќе бидат локалните патишта од Крива Паланка кон с. Варовиште и с. Градец. Исто така, во с. Пчиња (Куманово) има собрани дрвја и гранки под мостот на реката Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, информираат од АМСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.