Жителите на Куманово трет ден се без вода за пиење, откако претходно се утврди заматеност на водата во водоснабдителниот систем поради обилните врнежи во липковскиот регион. Водоснабдувањето е нормализирано, но водата се користи само како техничка.

Водата да се користи како техничка, сѐ до конечна потврда од Центарот за јавно здравје кои треба да направат три последователни анализи кои ќе ја потврдат исправноста на водата на пиење – предупреди директорот на ЈП „Водовод“, Оливер Стојмановски.

Општинскиот штаб за заштита и спасување на последниот состанок препорача дека водата не смее да се консумира без термичка обработка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.