Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Како што соопштија од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени Целзиусови.

Утре во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер што ќе предизвика мало опаѓање на температурата, особено во северните делови. Значителен пораст на температурата се очекува од среда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.