Без струја денеска од 8:30 до 10:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Александар Урдаревски“ на потегот од напојната Трафостаница – Бутел 6 до Тутунска банка, Општина Бутел.

Во временскиот период од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Орце Николов“ згради бр. 155 и бр. 156 во Општина Карпош.

Од 11:30 до 13:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците „Бутелски венец“, „Индира Ганди“ и „Пелагонија“, Општина Шуто Оризари.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа. 

Без вода денеска од 9 часот ќе бидат дел од жителите од селата Сопиште, Ракотинци и Добри Дол во Општина Сопиште.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради монтажа на регулатор на потисна цевка од Ф-125 милиметри во Сопиште без број или под пумпената станица.

Без вода денеска од 10 часот ќе останат дел од жителите лоцирани на улиците „Њуделхиска“, „Бахар Моис“, „Римска“, „Панче Пешев“ и „Наум Евро“ во Општина Карпош.

Прекинот е поради двоење во шахта на улица „Римска“ 3А.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување на интервенциите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.