Поради технички зафати во електро-дистрибутивната мрежа, денеска од 8:30 до 16:30 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од селото Батинци, како и објектите на Живинарската фарма – Батинци и ЈП Дрисла, општина Студеничани.

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека утре од 4:00 до 7:00 часот, без струја ќе бидат објектите на фирмите во кругот на поранешниот МЗТ, индустриските објекти околу Кванташки пазар, сите индустриски објекти на ул. „Перо Наков“, како и корисниците од населените места Маџари, Сингелиќ, Стајковци, Хиподром, Трубарево, Јурумлери и Арачиново.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.