Времето денеска ќе биде сончево и топло. На повеќе места ќе дува засилен ветер од јужен правец, наместа над 60 километри на час. Во ноќните часови кон недела ќе има преодно дестабилизирање со локален пороен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР.

Минималната температура е во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени Целзиусови.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 27 степени Целзиусови.

До средината на следната седмица ќе се задржи стабилно и релативно топло време.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.