Џорџина Родригез објави фотографија од ќеркичката која ја роди на 18 април и го откри нејзиното име.
Бела Есмералда 18.4.2022, напишала Џорџина покрај фотографијата од заспаното бебе.
Родригез на истиот ден роди и син, но тој за жал не преживеа.
Таа и Кристијано Роналдо кратко по породувањето потврдија дека нивниот син починал, а неколку дена подоцна фудбалерот објави семејна фотографија со новороденото девојче, сестра близначка на момчето.
На фотографијата Роналдо го држи детето во раце и е друштво на Џорџина и четирите деца кои заедно ги одгледуваат.
Доме, слатки доме. Џио и нашето девојче се конечно заедно со нас. Сакаме да им се заблагодариме на сите за убавите зборови и гестови. Вашата поддршка нѝ е многу важна и сите ја почувствувавме љубовта и почитта што ја имате кон нашето семејство. Сега е време да бидеме благодарни за животот кој го дочекавме, напишал Роналдо на Инстаграм.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.