Сопругот на хрватската позната водителка Никола Пишек, историчарот Видоје Ристовиќ, ненадејно почина на 44-годишна возраст, а тажната вест ја потврдила и водителката.

Само неколку часа пред смртта, тој споделил фотографија од ќеркичката на Инстаграм.

Ристовиќ живеел и работел на релација Белград-Загреб, а починал во Белград, според спрспките медиуми во тек на масажа.

Популарната хрватска водителка Николина и Видоје се венчаа во септември 2013 година во Монте Карло, а на 2 декември 2014 година добија девојче на кое ѝ го дадоа името Уна Софија.

Видое Ристовиќ завршил основно и средно училиште во Белград, а дипломирал историја на уметност. Од првиот брак Видоје има ќерка Матеа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.