Во рамките на заложбите за јакнење на синџирите на вредност во секторот овошје, потсектор калинка, Мрежата за рурален развој на Македонија ќе делува во заложбите за јакнење на локалниот развој. Карактеристично за интервенцијата на МРР на СМ е тоа што таа се спроведува според принципите на пристапот за развој на пазарни системи (market system development пристап).

За време на интервенцијата „Јакнење на синџирите на вредност во сектор овошје, потсектор калинка“  спроведена од ММР, производителите имаа можност да се запознаат со придобивките од договорното производство, како и да ги споделат своите досегашни искуства и ставови во поглед на градењето доверба помеѓу производителите и откупувачите. Реализацијата на оваа интервенција е дел од проектот „Организациски развој на МРР и развој на одржливи модели за обезбеденост со храна во локалните заедници“ кој е поддржан од Sida и We Effect Europe:

Проектните интервенции на МРР на СМ дефинирани преку МСД пристап се насочени кон локалните рурални заедници и нивна поддршка со цел зголемување на нивната прилагодливост и унапредување на нивниот одржлив развој. Посебен акцент е ставен на членовите на заедницата со пониски приходи кои ќе имаат најголеми придобивки од вклучување на пазарот со своите производи. Целта на оваа интервенција е унапредување на развојот на пазарниот систем и зајакнување на вредносните синџири во секторот за преработката на храна, јакнење на довербата помеѓу производителите и откупувачите преку воспоставување на  договорни односи со откупувачите, подобрување на квалитетот, но и маркетинг и промоција на производите. Имено, еден од традиционалните овошни производи во јужните делови на Република Македонија е калинката. Во регионот има добри педоклиматски услови за негово одгледување. Предизвикот со кој се соочуваат земјоделците е организиран пласман, па тие се принудени екстра квалитетните калинки да ги пласираат на пазарите низ земјава. Поради немање организиран пазар тие се принудени да ги фрлаат и помалку квалитетните калинки кои ги има во големи количини. Со формирање на откупнo-преработувачки центар во регионот се очекува да се реши овој проблем – вели Елизабета Ристеска Мрческа, организациски координатор на МРР.

Преку оваа пилот интервенција се тестира бизнис модел, кој ќе овозможи зголемен пристап до пазарот, а истовремено ќе делува на полето на подобрување на продуктивноста и производствените стандарди.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.