Најстариот син на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија, Бруклин (23), на 9 април ќе се ожени со својата свршеница Никола Пелц (27), а во јавноста секој ден се појавуваат нови детали за венчавката на годината.

Убавата Никола Пелц потекнува од богато еврејско семејство, а нејзиниот татко е еден од блиските пријатели на Доналд Трамп. Таа е најмладата од осумте деца на милијардерот Нелсон Пелк и цел живот сонувала да стане хокеар – сѐ додека не се вљубила во глумата. Потоа се предомислила, па се случиле некои важни улоги, како онаа во филмот „Tрансформерски – време на изумирање“.

Иако Викторија и Дејвид имаат огромно богатство, Бруклин ќе мора да потпише предбрачен договор со ќерката на американскиот богаташ. Семејството Пелц е многу побогато, па товарот за организирање на венчавката, која ќе чини над три милиони фунти, ќе падне на нив.

Кум на венчавката на Бруклин и Никола требало да биде музичарот Елтон Џон, но тој наводно во тоа време ќе биде на долго планираната турнеја. Меѓу познатите гости ќе бидат славниот готвач Гордон Ремзи, членките на „Спајс грлс“, актерката Ева Лонгорија, синот на Мадона, Роко Ричи, и други, пренесува „Мирор“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.