На 4 април нè очекува магичен ден. Освен што започна најубавиот пролетен месец, кога во воздухот има романтични и позитивни вибрации, на 4 април нè очекува дополнителен енергетски стимул – магијата на две четворки, односно серијата 4-4.

Повторувањето на броевите во нумерологијата се нарекува „броеви на огледалото“, а кога имаме толку моќен датум, постојат одредени нумеролошки сознанија и упатства кои можат да ни помогнат да ги оствариме нашите желби. Двојната доза на енергијата на бројот 4 ни дава шанса да ги изградиме темелите на нашите соништа, да се поврземе со нашето знаење и искуство.

Сè што ќе научите или започнете денес може да ви користи. Денот 4-4 е добар за размислување за вашата цел во животот – време е да се усогласите со неа и да преземете важни чекори за да ја постигнете. Оваа низа исто така симболизира стабилност, заземјување, безбедност.

Има 4 годишни времиња, четири елементи (оган, вода, небо и земја) и четири страни на светот – сето тоа е спакувано во прекрасно квадратно пакување кое ја навестува духовната моќ на бројот 4. Затоа овој ден е идеален за постигнување на вашите цели, ви се нуди голема поддршка за да ги претворите желбите во реалност, но само ако сакате и ако се потрудите малку повеќе.

Време е да напредувате на вашиот животен пат, но некои работи на 4-4 ден треба да ги избегнувате: импулсивност, расправии, уверување дека сме во право, непромислени изјави …

Енергијата од 4-4 ден најдобро ќе ја искористите ако останете во природа, визуелизирате, фантазирате за савоите желбите и што е најважно – направете детален план за да ја постигнете целта. Активирајте се и направете еден чекор денес и наскоро сонот може да стане jaвa.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.