Ринат Ахметов, најбогатиот човек во Украина и претседател на фудбалскиот тим Шахтјор Доњецк, вети дека ќе го обнови градот Мариупол, кој седум недели беше под руско бомбардирање.

Мариупол е глобална трагедија и глобален пример за херојство. За мене Мариупол беше и секогаш ќе биде украински град “, рече Ахметов, а пренесуваат меѓународните медиуми. „Верувам дека нашите храбри војници ќе го бранат градот, иако разбирам колку им е напорно и тешко“, додаде тој.

Според магазинот Форбс, нето вредноста на Ахметов во 2013 година достигна 15,4 милијарди долари. Моментално „тежи“ 7,1 милијарди долари што го рангира меѓу 300-те најбогати луѓе во светот.

За нас, војната избувна во 2014 година. Ги загубивме сите наши средства и на Крим и на привремено окупираната територија на Донбас. Ги загубивме нашите бизниси, но тоа нè направи посилни и поцврсти, рече Ахметов.

Ахметов е роден на 21 септември 1966 година и е претприемач, спортски директор и тајкун, претседател на System Capital Management, една од водечките индустриски компании во украинскиот бизнис, и на фудбалскиот клуб Шахтјор Донецк.

Сопственик е и на челичарницата Азовстал во Мариупол, која стана база на националистичкиот баталјон Азов и на украинските маринци кои се спротивставуваат на нападите на руските трупи.

Инаку, олигархот е роден во Доњецк, во Украинската ССР, во работничко семејство. Неговиот татко, Леонид Ахметов, бил рудар за јаглен, а неговата мајка, Нјакија Насрединовна, продавачка. Ахметов дипломирал економија на Националниот универзитет во Доњецк во 2001 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.