Младо момче од Скопје, по име Виктор, ги продало своите играчки, а собраните средства ги донирал за помош на бездомните животни, објавија од организацијата „Хепи Шелтер“.

Ова е најубавиот ден за Хепи Шелтер, малиот Виктор кој ги продаде своите играчки за помош на бездомните кучиња обезбеди 4.226 денари со што ни ги донираше и ни ги стопли срцата на сите нас во тимот, а сигурно и на вас. Се надеваме дека ќе биде пример за останатите деца и возрасни, како се шири емпатија, љубов и грижа за беспомошните и напуштени бездомни кутриња. Од денес малиот Виктор со големо срце е почесен гостин на Хепи Шелтер“, објавија од организацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.