Италијански пар отишол на пица во локален ресторан, следниот ден им се слошило, а целата ситуација завршила со смртен случај, објавуваат медиумите во таа земја.

46-годишната жена починала во вторникк наутро во болница, а нејзиниот 52-годишниот сопруг е хоспитализран и е во критична состојба. Според истражувањата, кобен бил ботулинот во маслото зачинето со чили пиперка.

Според пишувањата, двајцата имале главоболка, силни грчеви и повраќале и поради тоа итно биле хоспитализарни.

Обвинителството покренало истрага, а како најверојатна причина за труењето се наведува ботулин, токсин кој го лачи анаеробната бактерија Clostridium botulinum. Најчест начин на зараза е конзумирање на заразена храна, а смртоносен е бидејќи предизвикува парализа на мускулите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.