Според астролозите хороскопскиот знак влијае и на тоа каков секс сакате.

Постојат знаци кои брзо им се препуштаат на страстите и сакаат бурен, авантуристички и брз секс, но и такви коишто бараат романтична атмосфера и долга предигра.

Приоадниците на овие три знаци дефинитивно спаѓаат во првата група и секогаш се подготвени за брз секс со прескокнување на предиграта.

Овен

Кога нешто сакаат да постигнат, Овните веднаш донесуваат одлука и не се двоумат, па така е и со сексот.

Не се егзибиционисти, но се страсни и импулсивни, па така препознатливи се по тоа дека ако сакаат нешто да направат – тоа го прават кога сакаат и како сакаат.

Брзо им се препуштаат на страстите, па често се подготвени и за авантуристички секс на отворено или со минимална приватност.

Стрелец

Стрелците не се опседнуваат со туѓото мислење. Најчесто се авантуристи што се самоуверени и задоволни од сопствениот изглед, кои се во постојана потрага по слобода.

Припадниците на овој хороскопски знак се возбудуваат од брзиот секс и не размислуваат премногу за местото или околината каде што ќе им се препуштат на страстите.

Постојано се подготвени за нови авантури.

Близнаци

Близнаците секогаш се подготвени за нова авантура. Познати се по тоа што сакаат да пробаат што е можно повеќе нови работи, па немаат време премногу да се посветат на секој момент од животот, а тоа се однесува и на сексот.

Не сакаат премногу да планираат, а сексот со нив најчесто е без премногу емоции. Сакаат да експериментираат и да пробуваат нови работи и секогаш се подготвени за брз секс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.