Месечината ќе биде во знакот на Скорпија од 4 до 6 август 2022 година, а овој период ќе биде одличен за љубов и страст, особено за овие три хороскопски знаци:

Близнаци

Досега нешто ве спречуваше да се претставите во вистинско светло пред личноста која ви се допаѓа, но сега тоа се менува. Подготвени сте да раскрстите со минатото и да дочекате нови почетоци.

Ви се насмевнува голема љубов, а вие сте подготвени да ја импресионирате личноста која ќе ве освои. Храбри сте и ќе ги искористите сите ваши можности.

Среќата е на ваша страна, а во исто време сте толку шармантни и вешти во комуникацијата што никој не може да ви одолее, особено додека Месечината во Скорпија ви го „чува грбот“.

Скорпија

Месечината е во вашиот знак, што значи дека можете да го очекувате само најдоброто! Не можете да бидете попривлечни отколку што сте овие денови, па како магнет ги привлекувате потенцијалните партнери.

Ако постои личност која ви го привлекува вниманието и сакате да ја освоите, не двоумете се – дајте ѝ до знаење што сакате и што чувствувате. Препуштете се на нејзиниот шарм, тој ќе ве однесе точно каде што сакате.

Јарец

Склони сте да размислувате добро и да анализирате сè, но сега конечно ја оставате таа особина на страна, додека вашата спонтаност доаѓа до израз, особено во односот со партнерот.

Месечината во Скорпија ќе ви го донесе токму она што ви треба, мини-одмор од работа, сметки, дневни обврски и сите работи во кои нормално сте неверојатно одговорни.

Сепак, сега ќе преовладува вашата поопуштена страна, која ќе ве изненади дури и вас, но ќе бидете невидено секси и забавни – уживајте!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.