Посветеноста и трудољубивоста на работа секако се за пофалба, но понекогаш може да доведат до конфликти во други аспекти од животот. Некои хороскопски знаци се претерано посветени на работата, што може да предизвика проблеми во нивниот љубовен живот. Еве кои хороскопски знаци често ја ставаат работата пред љубовта:

Овен
Овните се исклучително амбициозни и имаат желба да се докажуваат. Кога се обврзуваат на нешто, тоа го прават со многу енергија и ентузијазам. Но, нивната природа е таква што често забораваат на рамнотежата помеѓу приватниот и деловниот живот. Исто така, нивната конкурентност може да ги однесе предалеку, предизвикувајќи да заборават на своите партнери.

Девица
Девиците се познати по својот перфекционизам и посветен пристап кон работата. Тие се стремат кон совршенство во сè што прават, а тоа често значи дека на работата посветуваат многу повеќе внимание отколку што треба. Токму затоа нивните партнери често имаат чувство дека не се на прво место.

Јарец
Јарците се родени лидери и често се фокусирани на своите деловни цели. Подготвени се на долги работни часови и жртви за да го постигнат она што го сакаат. За жал, тоа често значи дека нивниот љубовен живот страда бидејќи не успеваат да најдат рамнотежа.

Скорпија
Иако Скорпиите се страствени во љубовта, тие се подеднакво страсни и во кариерата. Ако чувствуваат дека нивната кариера е загрозена или дека можат да постигнат повеќе, запоставуваат сè друго, вклучително и нивните романтични партнери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.