Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да преговара за повлекување од влезот на Украина во НАТО доколку Русија се согласи на прекин на огнот, повлекување на руските сили и безбедносни гаранции во Украина.

Тоа е компромис за сите. За Западот, кој не знае што да прави со нас во однос на членството во НАТО, за Украина, која бара безбедносни гаранции и за Русија, која не сака понатамошно проширување на НАТО, рече Зеленски.

Тој го повтори своето барање за директен разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Без разговор со Путин, невозможно е да се знае дали Русија воопшто сака да стави крај на војната, рече Зеленски.

Но, тој претходно рече дека секоја голема промена, која ќе биде воведена во украинските закони, ќе треба да биде потврдена на референдум.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.