Додека се поголем број земји апелираат до своите граѓани да заминат од Украина поради тоа што Русија може да ја нападне земјата, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се шири паника.

Американските предупредувања за непосреден напад на Русија врз Украина предизвикуваат паника и не им помагаат на Украинците – истакна Зеленски.

Украинскиот претседател додаде дека „паниката е најдобар пријател на украинските непријатели“.

Сите тие информации (за напад) само предизвикуваат паника и не помагаат – посочи Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.