Руското Министерство за надворешни работи упати критики поради одлуката на финската Влада за затворање на четири од девет гранични премини со Русија.

Затворањето на границата е израз на новите линии на поделба во Европа, кои не решаваат никакви прашања, туку напротив само создаваат нови проблематични прашања, изјави синоќа портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Финската Влада наведе дека мерката, која треба да трае три месеци, е со цел да се со цел да се запре бранот баратели на азил, бидејќи Русија се повеќе им дозволува на мигрантите да се упатат кон границата на Финска без потребните документи.

Поради затворањето на четирите гранични премини кои ги најави Хелсинки, автобуските компании „Лукс експрес“ и „Еколајнс“ веќе објавија дека ги откажуваат линиите од Санкт Петербург до Хелсинки.

Финска и Русија имаат 1.340 километри долга граница, а најпрометни се југоисточните фински граничните премини.

Финските погранични власти соопштија дека во текот на неделата регистрирани се десетици баратели на азил од Ирак, Јемен, Сомалија и Сирија, кои секојдневно пристигнуваа преку Русија. Од септември досега во Финска влегле вкупно 280 баратели на азил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.