Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, изјави дека руските вооружени сили уништиле повеќе од 800 објекти на украинската воена инфраструктура.

Руските вооружени сили уништија 821 украински воен објект, вклучувајќи 14 воени писти, 19 контролни и комуникациски центри, 24 противвоздушни системи С-300 и одбранбени ракетни системи Оса, како и 48 радари – изјави генерал-мајор Конашенков.

Тој додаде дека руските сили собориле седум украински авиони и исто толку хеликоптери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.