Врз основа на платформата за координација Брејв 1 (Brave1), Украина тврди дека развила супер заштита од руските термални камери и дронови, кои поседуваат такви камери.

„Јаху њуз“ објави дека овој штит го претставил Михаило Федоров, вицепремиерот на Украина задолжен за иновации и министер за дигитална трансформација.

Наметката го блокира топлинското зрачење и ги прави борците невидливи за непријателот“, вели Федоров.

Тој објаснува дека апликацијата е корисна во случај на снајперисти и припадници на единиците за специјални операции, кои извршуваат борбени мисии.

Се наведува дека овој изум е компактен и лесен бидејќи неговата тежина е до 2,5 килограми, а наметката обезбедува и одлична заштита од дожд и снег.

Освен тоа, наметката е незапаллива и го штити војникот од високи температури.

Федоров вели дека неговите примероци веќе се успешно тестирани на терен.

Невидливата наметка е само една од работите што се развиваат со цел да се спасат животите на нашите војници на фронтот. Ни треба уште повеќе“, вели Федоров.

Британски „Сан“ објави демонстрација на оваа нова технологија на својот канал на „Јутјуб“, но наведува дека сè уште не може да ја потврди автентичноста на снимката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.