Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук побара Русија да дозволи итен хуманитарен коридор за евакуација на цивилите кои се засолнети во фабриката за челик во Мариупол.

Како што пренесе Би-Би-Си, Верешчук ова го изјави откако рускиот претседател Владимир Путин ги откажа плановите за упад во фабриката Азовстал.

Таму има околу 1.000 цивили и 500 ранети војници. Сите тие треба да бидат извлечени од Азовстал денеска, напиша Верешчук на социјалните мрежи.

Командант на морнарицата во фабриката вчера испратил порака до Би-Би-Си дека повредените војници заробени таму „гнијат“, без лекови и други потребни материјали.

Тој повика неговите луѓе да бидат евакуирани во трета земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.