Обезбедувањето нов заем од пет милијарди долари од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе помогне да се убедат другите украински кредитори дека макроекономската ситуација во таа земја разурната од војна е под контрола.

Ова го изјави главниот економски советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Новото финансирање од ММФ ќе служи како сидро околу 18 месеци додека не се договори поголем финансиски пакет вреден меѓу 15 и 20 милијарди долари, кои што треба да ѝ помогнат на Украина да ја надминат економската криза предизвикана од руската инвазија, изјави советникот Олег Устенко.

Украинскиот гувернер Кирило Шевченко пред две недели изјави дека бараат од ММФ заем до 20 милијарди долари за период од две до три години. Ваквото големо барање предизвика интензивни дискусии во ММФ бидејќи може да покрене и прашања за одржливоста на долгот на Украина.

„Програмата на ММФ од 5 милијарди долари ќе биде во согласност со претходните нивоа на финансирање и може да биде катализатор за финансирање од други извори, вклучувајќи ги ЕУ, САД и други земји“, рече Устенко.

Претходната програма за финансирање на ММФ за Украина беше откажана во март, а наместо тоа меѓународната финансиска институција ѝ додели на земјата итен заем од 1,4 милијарди долари со само неколку услови во првите недели од руската инвазија.

Во меѓувреме, вчера две глобални рејтинг агенции – Стандард и Пурс и Фич – го намалија рејтингот за надворешниот долг на Украина, велејќи дека сметаат дека реструктуирањето на долгот на земјата е проблематично.

На почетокот на оваа недела, имено, странските кредитори на Украина го исполнија барањето на земјата за двегодишно замрзнување на отплатата на обврзниците во вредност од речиси 20 милијарди долари, со што избегнаа неуреден банкрот.

S&P го намали рејтингот на долгот на Украина во странска валута од „CC/C“ на „SD/SD“.

„Со оглед на тоа што објавените услови за реструктуирање, а во согласност со нашите критериуми, сметаме дека таа трансакција е проблематична и еднаква на неисполнување на кредити“, изјавија од S&P. Фич го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Украина од „Ц“ на „РД“.

Поради руската инвазија, Украина годинава ја очекува економски пад од 35 до 40 отсто, а во државната каса месечен дефицит од пет милијарди долари. Устенко рече дека Украина се надева оти преговорите со ММФ за нов заем, вреден до 20 милијарди долари, ќе бидат брзи и дека ќе се постигне прелиминарен договор пред истекот на мораториумот за исплата на обврзниците на странските инвеститори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.