Енергетската криза ја погоди Австрија, па општините почнаа да ги „исклучуваат“ уличните светилки.

Општината Фукс, во областа Пинцгау, го укина уличното осветлување во текот на ноќта, пишува весникот „Салцбургер нахрихтен“.

Во текот на зимата, пак, најавуваат дека уличното осветлување повторно ќе се вклучи од 5:30, бидејќи тогаш е уште темно, а луѓето одат на работа.

Според градоначалникот Ханес Шертанер, секоја светилка ќе работи околу 2.000 часа помалку годишно.

Исклучувањето на уличното осветлување ќе донесе големи заштеди на општината бидејќи со повеќе од 26.000 киловат часови годишно, уличното осветлување е најголемата потрошувачка по пумпите за базен.

Со цел да заштеди уште повеќе енергија, општината одлучи да премине на улично осветлување со ЛЕД.

А Виена веќе донесе одлука за зима, па оваа година нема да има божиќно осветлување на централната виенска Ринг улица.

Божиќните светилки остануваат на Ратхаусплац, но ќе се вклучуваат само по стемнување, а не во самрак како порано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.