Анкара може да ги затвори теснецот Босфор и Дарданелите за воени бродови, но Русија сепак ќе има право да ги користи за враќање на својата флота во својата база, изјави во петокот турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Украина ни испрати официјално барање за затворање на теснецот за руските воени бродови. Одредбите од Конвенцијата Монтре се многу јасни и прецизни. До денес, Турција без двоумење се придржува кон Конвенцијата Монтре. Турција може да го ограничи минувањето на воените бродови низ теснецот. Сепак, Конвенцијата на Монтре исто така вели дека бродовите на земјите вклучени во војна имаат право да се вратат во своите бази и ќе биде дозволено да го стори тоа, изјави Чавушоглу, цитиран од весникот „Хуриет“.

Јасно е дека сето тоа бара Турција да го опише нападот на Русија како војна“, објасни Чавушолгу.

Украинскиот амбасадор во Турција Василиј Боднар во четвртокот ја повика Анкара да го ограничи минувањето на руските воени бродови низ теснецот под контрола на Турција.

Во четвртокот наутро рускиот претседател Владимир Путин најави специјална воена операција врз основа на барање на шефовите на републиките во Донбас. Рускиот лидер нагласи дека Москва не планира да ги окупира украинските територии. Руското Министерство за одбрана подоцна објави дека руските вооружени сили не изведувале напади врз украинските градови. Министерството нагласи дека украинската воена инфраструктура се уништува со прецизно оружје и нема закана за цивилите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.