Маж со автомобил налетал на пешаци во Тел Авив, убил еден и ранил седум други, а осомничениот терорист е „неутрализиран“.

По нападот терористот излегол од возилото и се обидел да пука во полицајците, но му се заглавило оружјето, па полицијата успеала да го совлада и убие. Полицијата констатирала и дека автомобилот се превртел.

Наводно, осомничениот е израелски државјанин од Кафр Касим, 45-годишниот Јусеф Абу Џабер, кој работи во Тел Авив.

Потврдена е смртта на 30-годишен маж, за кој се претпоставува дека е италијански државјанин, а покрај него, во болница се пренесени уште три лица кои биле удрени од возилото.

Наводно, уште четири повредени лица се вратиле во нивниот хотел.

МДА соопшти дека сите жртви се туристи, а лицето кое е убиено во нападот е идентификувано како Алесандро Фарини, 35-годишен турист од Италија, додека британски и италијански државјани се повредени.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху и нареди на израелската полиција да го мобилизира целиот свој персонал, вклучително и граничната полиција, како и дополнителни безбедносни сили. Тој ги повикува граѓаните да ги почитуваат упатствата на безбедносните сили во овој период на ескалација на насилството.

Се наведува дека осомничениот терорист е Палестинец од Западниот Брег кој го украл автомобилот користен во нападот.

Израелските власти наредија мобилизација на израелската гранична полиција и резервистите на израелската армија (ИДФ) по терористичкиот напад во Тел Авив. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди мобилизација на четири единици на резервните полициски единици, додека шест единици во моментов работат во Ерусалим, според „Тајмс оф Израел“.

Израелската полиција соопшти дека мобилизацијата започнала во неделата и дека засилени сили ќе бидат распоредени во Ерусалим и мешаниот арапско-еврејски град Лод во централен Израел поради претстојниот месец Рамазан, кој обично е придружен со немири меѓу Палестинците и израелските сили.

ВИДЕО ОД НАПАДОТ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.