Пријателскиот фудбалски натпревар меѓу селекциите на Русија и Парагвај, кој требаше да се одигра в понеделник во Москва, е откажан поради терористичкиот напад во руската престолнина, во кој според последните извештаи загинаа над 100 луѓе.

Поради нападот, Рускиот фудбалски сојуз и Парагвајскиот фудбалски сојуз одлучија да го откажат пријателскиот натпревар меѓу двата тима“, се вели во соопштението на Рускиот фудбалски сојуз (РФС).

Натпреварот требаше да се одигра в понеделник на стадионот „Динамо“ во Москва, но може да биде закажан за друг термин.

Според последните информации, 115 луѓе се убиени, а 145 повредени во петокот вечер во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Красногорск.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин ги откажа сите јавни настапи во градот за време на викендот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.